Астон Вила се договори со напаѓачот на Борусија Дортмунд

6.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Астон Вила се договори со напаѓачот на Борусија Дортмунд

По се изгледа дека тимот на Астон Вила напролет ќе има нов напаѓач. Се работи за офанзивецот на Борусија Дортмунд, Дониел Мален, со кој што ги договори личните услови, но сеште се на маса преговорите клуб со клуб.

Како што пренесуваат медиумите во Англија, Дортмунд бара 30 милиони, и веќе ги има одбиено 18 милиони евра за Мален. Сепак, шпекулациите се дека германците ќе прифата сума од околу 25 милиони.

Мален пристигна до ПСВ Ајндховен во 2021 година. Досега има 30 гола и 16 асистенции на 93 натпревари за Борусија Д. во Бундеслигата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата