Рашфорд има специфична желба каде да ја продолжи кариерата

7.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рашфорд има специфична желба каде да ја продолжи кариерата

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд речиси сигурно ќе го напушти клубот во кој порасна, без разлика дали тоа ќе се случи веќе во јануари или по завршувањето на актуелната сезона. Последниве денови се зборува за сериозен интерес за него од клубови од Серија А, а според медиумите на Апенините по еден имаат Јувентус, Милан и Наполи. Интерес покажаа и богати тимови од Саудиска Арабија, но Англичанецот наводно ги одбил нивните понуди. Според „Спорт“, тој има специфична предност каде да ја продолжи кариерата, а тоа е Барселона.

Каталонците имаа интерес за него во минатото, кога сè уште важеше за еден од најперспективните офанзивни фудбалери. И покрај стагнацијата во неговата кариера, Барса и понатаму верува во неговите квалитети. Сепак, постои сериозна пречка – тековната финансиска нестабилност не му дозволува на клубот да си ја дозволи платата која е во висина од 18 милиони евра годишно.

Ни Барселона не може да си дозволи да плати трансфер, па единствена шанса да се оствари трансферот од соништата на Рашфорд во моментов е доколку биде доведен на позајмица и Јунајтед се согласи да покрие дел од неговата плата. Сепак, ова не е исплатлива опција за 20-кратниот шампион на Англија.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата