Арсенал подготвува понуда за Нико Вилијамс

15.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арсенал подготвува понуда за Нико Вилијамс

Ако Барселона не успеа минатото лето, сега ќе се обиде Арсенал. Нико Вилијамс ќе биде едно до главните имиња во списокот на посакувани нови имиња во редовите на „топчиите“ за следната сезона.

Новинарот на Билд, Кристијан Фалк, објави дека претставници на лондонскиот клуб се во контакт со агентите на крилниот напаѓач на Атлетик Билбао за купување на шпанскиот репрезентативец. Интересно е што за него сериозно е заинтересиран и Баерн Минхен .

Се нагласува дека договорот на Вилијамс предвидува откупна клаузула од 60 до 80 милиони евра, па останува да се види кој ќе излезе прв со оваа понуда.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата