Арсенал по 17-ти пат без примен гол во 2024 година, само Реал има подобра статистика

2.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арсенал по 17-ти пат без примен гол во 2024 година, само Реал има подобра статистика

Екипата на Арсенал синоќа против ПСЖ во Лигата на шампионите го одигра својот 17-ти натпревар на кој не дозволи да прими ниту еден гол.

Избраниците на Микел Артета го совладаа ПСЖ во второто коло од Лигата на шампионите со резултат 2:0, што за нов беше уште еден меч во календарската 2024 година во кој одбраната беше на највисоко ниво.

Во 2024 година „топчиите“ одиграа 32 натпревари во сите натпреварувања, а на 17 од нив не примија ниту еден гол. Ова е најдоброто остварување за еден премиерлигашки клуб, а втор најдобар резултат во Европа од тимовите во топ 5 лиги. Во моментов само европскиот шампион  Реал Мадрид има еден меч повеќе со „чиста мрежа“ (18).


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата