Арсенал може да стане шампион на Англија денеска после 22 години: Еве што мора да се случи!

19.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арсенал може да стане шампион на Англија денеска после 22 години: Еве што мора да се случи!
ФОТО:facebook.com/Arsenal/

Арсенал го победи Барнли со 1-0 на „Емирати“ во 37-то коло од Премиер-лигата и се приближи на чекор до освојување на англиската шампионска титула. „Топџиите“ би можеле да го завршат 22-годишното чекање за титулата вечерва доколку Манчестер Сити не го победи Борнмут.

Решавачкиот момент се случи во 37-та минута. Букајо Сака изведе корнер, а Каи Хаверц се крена и ја испрати топката со глава во мрежата за водство од 1-0, што на крајот се покажа како конечен резултат.

„Топџиите“ сега се на врвот на табелата со 82 бода, пет повеќе од Манчестер Сити. Доколку тимот од Манчестер не успее да го победи Борнмут вечерва во 20:30 часот, Арсенал ќе ја прослави својата прва титула во лигата по повеќе од 20 години.

Доколку „граѓаните“ победат, Арсенал ќе треба да победи на гостински терен кај Кристал Палас во последното коло за да ја обезбеди титулата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата