Аргентина се врати дома без Меси, Скалони не знае дали ќе остане селектор

20.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аргентина се врати дома без Меси, Скалони не знае дали ќе остане селектор

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, не се врати во Буенос Аирес со остатокот од националниот тим по финалето на Светското првенство, туку патуваше по друга рута, пишува аргетинскиот весник „Оле“.

„Некои играчи ќе патуваат директно на други дестинации за да се приклучат на своите клубови или да го започнат својот одмор. Дел од делегацијата, составена од играчи, тренерски персонал и друг персонал, се враќа во Аргентина“, објавија од Федерацијата.

Планираното враќање на репрезентацијата беше одложено за неколку часа, па авионот за Аргентина полета дури во понеделник наутро, околу седум часот по локално време.

Меси не беше во авионот, ниту пак девет други играчи кои играа за Аргентина за време на првенството. Покрај капитенот, Родриго де Пол, Енцо Фернандез, Лаутаро Мартинез, Хулијан Алварез, Херонимо Рули, Николас Паз, Кристијан Ромеро, Науел Молина и Хуан Муса не отпатуваа за Буенос Аирес.

Селекторот Лионел Скалони потврди дека ќе го почитува договорот, кој важи до ноември оваа година, но не сакаше да открие дали ќе продолжи да ја води репрезентацијата и потоа.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата