Аргентина прогласи државен празник по победата над Англија на СП 2026!

7.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аргентина прогласи државен празник по победата над Англија на СП 2026!
ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN

Иако Аргентина не успеа да ја одбрани титулата светски првак, беше поразена од Шпанија во финалето, сепак во таа земја се нагласува дека оваа селекција имала успешен настап. Посебно по победата над Англија во полуфиналето на Мундијалот.

Па така Аргентинската Фудбалска Асоцијација (АФА) едногласно изгласа 15 јули да се прогласи за Ден на репрезентацијата на Аргентина. Датумот не беше избран случајно. На тој ден, Аргентина ја победи Англија со 2-1 во драматично полуфинале на неодамна завршеното Светско првенство. Екипата на Лионел Скалони губеше со 1-0 до 85-тата минута, но потоа се врати со головите на Енцо Фернандез и Лаутаро Мартинез и се пласираше во финалето. Покрај самиот резултат, тензиите се зголемија и кога аргентинските играчи по натпреварот развија транспарент на теренот на кој пишуваше „Las Malvinas son Argentinas“ („Малвините се Аргентински“). Аргентина ги нарекува Фолкландските Острови, кои се наоѓаат на околу 300 милји од нејзиниот брег, Малвини и ги смета за своја територија. Гестот предизвика бес низ цела Англија, а владата на Велика Британија побара од ФИФА да започне истрага.
Во официјалното соопштение на Аргентинската фудбалска асоцијација се наведува:

Овој датум е избран за да се одбележи историската и голема победа на аргентинската репрезентација над Англија во полуфиналето на Светското првенство во 2026 година“.
Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, исто така, ја коментираше ситуацијата, нарекувајќи ја прославата на играчите со транспарентот „сосема коректна“ и додавајќи дека пораката „одразува чувство што го делат сите Аргентинци“. Сепак, тој призна дека очекува ФИФА да ја казни федерацијата. АФА објасни дека новиот празник не е посветен само на сениорската машка репрезентација. Целта е да се оддаде почит на сите аргентински национални тимови – машка, женска, младинска, како и националните тимови во футсал, фудбал на плажа и други категории.
Како што наведуваат, намерата е да се оддаде почит на сите спортисти кои ја претставуваат Аргентина секој ден и ги бранат боите на својата земја, а историскиот пресврт против Англија послужи како совршен симбол на тоа единство и национална гордост.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата