Аморим: Никој не го очекуваше ова но ништо не е готово

2.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аморим: Никој не го очекуваше ова но ништо не е готово

Тимот на Манчестер Јунајтед е со едната нога во финалето од Лигата на Европа. Синоќа „Црвените ѓаволи“ имаа одлична вечер среде Билбао, кога со 0:3 го зовладаа Атлетик во ретко видена изведба на клубот кој со години се мачи на резултатски план.

Менаџерот Рубен Аморим секако дека е презадоволен што Јунајтед има огромна предност пред реваншот но секако претпазлив во изјавата по мечот.

„Ова е одличен резултат кој реално никој не го очекуваше. Видовме два натпревара. Оној до 25. минута, и тој потоа, односно по црвениот картон и голот. Мечот тука се прекрши. Во вториот дел се обидовме да бидеме претпазливи и да создадеме шанси, а најважно е што Билбао немаше многу удари кон нашиот гол. Напредувавме на последните мечеви. Не ги гледам тука само резултатите. Имаше мечеви каде што победивме, а не игравме добро, а на некои загубивме, а на терен бевме супер. Секако дека понекогаш потребна е и среќа. Ако постигнеш прв гол, тоа е сосема друг меч, одколку да примиш. Вечерва игравме слободно по водството“ – рече Аморим.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата