Алегри се договори со Милан

29.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Алегри се договори со Милан

Масимилиано Алегри ќе биде следниот кормилар на тимот на Милан. Искусниот стратег според медиумите во Италија се договорил со раководството на клубот, и по втор пат ќе седне на клупата на овој легендарен клуб. Неговиот прв мандат беше од 2010 до 2014 година, а титулата беше освоена во 2011.

Алегри потоа замина во Јувентус каде што исто така имаше исклучително добар скор и многу освоени титули.

Милан предводен од португалецот Консеисао, не се прослави премногу па нормално е што доаѓа до смена, обоено ако се знае дека клубот има и нов спортски директор во името на Игли Таре.

ФОТО ALEGRI X


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата