Алегри е нов тренер на Ал Ахли

18.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Алегри е нов тренер на Ал Ахли

Екипата на Ал Ахли го ангажираше, Масимилијано Алегри за нов тренер. Искусниот стратег, и екс кормилар на Милан и Јувентус, нема работа веќе трета сезона, а сега се активира на Блискиот Исток.

Со напомена, дека неговиот мандат стартува од јуни кога и официјално ќе го преземе амбициозниот клуб.

Алегри беше мета многупати на голем број на екипи од најдобрите лиги во Европа периодов, но никако не дојде до договор со ниту една од нив.

Сега, очигледно дека во насока на тоа дека мора повторно да се врати на терен што се вели, ја прифаќа понудата од Ал Ахли, која нема да се сомневаме дека од финансиски аспект е и тоа како поволна.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата