Доколку Ливерпул помисли да го продаде, Баерн Минхен ќе биде подготвен да го доведе Флоријан Вирц! Оваа вест ја потврди уредникот на Билд, Кристијан Фалк, кој коментираше за лошата форма на германскиот репрезентативец на почетокот на новата сезона.
„Доколку Флоријан Вирц биде заинтересиран да се врати во Бундеслигата во одреден момент во иднина, Баерн Минхен би бил првиот клуб со кој би разговарал“, рече Фалк.
Сепак, тој малку ја “спушти“ топката.
„Сепак, во моментов ништо не е планирано. Баерн има голем играчки кадар и сите се полни со самодоверба. Мусијала има долгорочен договор, а не треба да заборавиме дека Винсент Компани испробува нов систем во кој Мајкл Олисе е клучна фигура во средината на теренот – на позицијата на која моментално игра во француската репрезентација. Значи, Баерн има многу опции. Исто така, не заборавајте дека Ливерпул плати голема сума пари за Вирц“, објасни Фалк.
Во истата статија се наведува дека во Минхен секако секогаш постои подготвеност да се издвои огромна сума пари кога играч од одреден калибар ќе стане достапен, додека во тимот постои и јасна потреба.

