„Шест од шест“: Барса не е од оваа планета!

16.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Шест од шест“: Барса не е од оваа планета!
ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/

Барселона – Расинг Сантандер 7:2. Неверојатна, фантастична Барселона. Ова е шеста победа на каталонскиот гигант во исто толку мечеви во Ла Лига сезонава. “Шест од шест“ и тоа хет-трик на Рафиња од кои два гола од пенал, имаше и трет удар од белата точка ама Јамал не реализираше. Потоа магичен гол на Кансело, па автогол на Вилалибре, погодија и Јамал и Жезус. Стрелци на тие два гола за гостите Геје и Забири.

Се чини дека Барса како да не е оваа планета. Нека му ја мисли Реал Мадрид. Тимот на Ханси Флик на шест меча постигнал 28 голови.

Ова се луди рекорди на Рафиња, Јамал и компанија.

Секако дека Сантандер не е мерило, ама ако постигнеш седум голови, а имаш шанса барем за уште толку – што да се каже освен дека оваа Барса е ФАНТАСТИЧНА.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата