Ако Аугзбург ја победи Борусија (Д), Баерн ќе им испрати еден воз со пиво!

13.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ако Аугзбург ја победи Борусија (Д), Баерн ќе им испрати еден воз со пиво!

Претседателот на Баерн (М) вети дека ќе испрати воз со пиво во Аугзбург во случај ако нивниот тим успее да ја совлада екипата на Борусија (Д) во следното коло од Бундеслигата. Баерн (М) и Борусија (Д) и натаму се во „мртва трка“ за шампионскиот пехар, а баварците имаат бод предност на две кола до крајот на сезоната.

Баерн во следното коло би можел да стане германски шампион доколку го победи Лајпциг, а Аугзбург слави над Борусија Дортмунд.

„Секогаш е убаво да се биде шампион дома. Ако Аугзбург победи следната недела, ќе им испратиме воз со пиво Пауланер“, рече Херберт Хајнер.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата