Мислата на Алберт Ајнштајн ’човековата глупост и универзумот се бесконечни’, за првото дефинитивно сме сигурно, особено по гледањето на ова видео. Најновиот егземплар на безгранична глупост доаѓа од руската република Дагестан, каде овој „генијалец“ зел моторна пила и ја ставил меѓу нозете. Сега не ја ставил за да ја подржи, туку да ја запали. Да, да добро прочитавте.
Имал многу среќа што пилата не сакала да стартува зашто во спротивно би останал во најмала рака без нога или тестиси, ако не и без целата долна половина од телото.
Што да се каже друго освен - ИДИОТ!