Многу жени веруваат дека мажите сакаат исклучиво физичка блискост без емоционална поврзаност. Во време кога површните врски станаа нешто вообичаено, верувањето дека на посилниот пол му е потребен само секс стана поактуелно од кога било.
Ваквиот поглед на мажите е едноставен и често неправеден, како што е погрешно уверувањето дека на жените им е потребна само материјална сигурност. Ваквите претпоставки ја нарушуваат довербата, создаваат бариери и често спречуваат да се случи подлабок емотивен однос.
Во едно големо истражување во кое учествувале 10.000 мажи, биле анализирани нивните реални потреби во врската. Резултатите покажале дека она што најмногу го бараат во љубовниот однос не е физичката привлечност, туку нешто многу подлабоко.
Најголем број мажи ја издвоиле емоционалната блискост како најважен аспект во врската. Потребата да бидат прифатени, сослушани, поддржани била изразена кај повеќето испитаници. Мажите бараат сигурност во партнерството, простор да ја покажат ранливоста и чувство дека другата страна навистина ги разбира.
И покрај стереотипите, мажите всушност го бараат истото како и жените – стабилен, поддржувачки и искрен однос. Кога ќе се ослободиме од погрешните уверувања, создаваме услови за љубов заснована на меѓусебна почит и вистинска поврзаност.
На спроведената анкета во која учествувале 10.000 самци, им било поставено прашањето што најмногу посакуваат во љубовниот живот. Имале понудено повеќе одговори, а некои од нив вклучувале и желба за повеќе жени или жени од „повисок калибар“, додека другите одговори биле насочени кон долгорочни и посветени врски, како и кон љубов која води до брак со жената од своите соништа.
Врз основа на вообичаените предрасуди што ги имаат повеќето жени, би се очекувало повеќето мажи да посакуваат површни врски или што ве повеќе партнерки. Сепак, резултатите го покажале спротивното. Дури 86% од нив изјавиле дека посакуваат да ја најдат жената од своите соништа и да се оженат.
Физичката блискост им е важна на мажите, и тоа не е изненадување, мажите не знаат како поинаку да ја покажат потребата за блискост, затоа се случува мажот да покаже желба за физички однос, а всушност се обидува да се поврзе на емотивно ниво.
Не е секогаш лесно да се препознае разликата, но разбирањето на оваа динамика може да помогне машкиот однос да се согледа во поинакво светло. Мажите иако се интимно мотивирани битија, често делуваат водени од потребата да бидат видени, прифатени и поврзани со партнерката.
Повеќето мажи искрено бараат љубов. Нивната потреба за интимност често е неспретен обид да се поврзат емотивно, а не знак за лоши намери. Многу жени тоа го доживуваат лично и се чувствуваат како објект, што е разбирливо во општество во кое често се објективизираат женските тела.
Сепак немаат сите мажи површни мотиви. Многумина не знаат поинаку да пријдат и да покажат интерес. Зад нивната неспретност често постои искрена желба за поврзаност. Разбирањето на ова помага да се направи разлика помеѓу непочитувањето и неспретноста, без да се спуштат сопствените граници, пишува “Your Tango”.