Војо Стојановски (2 февруари 1949, Букојчани, Кичевско – 6-ти мај 2014) беше македонски музичар, автор и пеjaч на народна музика. Стојановски отпеа голем број хитови, од кои најпознати се: „Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“, „Свадба голема“, „Суводолица“ …

По неговата смрт беше објавен компилацискиот албум „Моја Македонијо“, кој содржи 19 песни што Стојаноски ги изведувал на фестивалот „Гоце фест“. Ќе остане запаметен како еден од најдобрите фолк пејачи на домашната музичка сцена. Потекнува од музичко семејство, па освен неговиот брат и внуците, со музика се занимава и син му Дамјан.