СДСМ е дувлото на лажни вести, демант за Данела Арсовска стигна и од Бугарија

27.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СДСМ е дувлото на лажни вести, демант за Данела Арсовска стигна и од Бугарија

На кандидатот за градоначалник на Скопје Данела Арсовска не и е издадена бугарска лична карата, тврди 24 часа.бг.

Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска (или како што напишале Данила Арсовска-н.з.), поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, имала бугарско државјанство, соопшти пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска. Така за два дена се разви скандал со бугарски призвук. Беа пожа ни фотокопиите од личната карта, но таму името е напишано Даниела – со разлика од една буква, пишува бугарскиот весник 24 часа.

Според фотокопијата од личниот документ, тој е издаден во 2017 година со посочена адреса во Петрич и е важечки до 2027-ма.

Репортерот на „24 часа“ направил истражување во веб-сајтот на МВР за бугарски документи за идентитет.

„Посочениот број на личната карта и датата на раѓање се покажа дека: „Документот: (6469489279) на лице со дата на раѓање (20.12.1979 година) не фугирира во списокот на валдините бугарски лични документи“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата