Попладнево во Дојран, екипата на Беласица во пријателски натпревар одигра без голови (0:0) против составот на Сремска Митровица. Тоа е второлигашки клуб од Србија. И покрај нападите и настојувањата составот на стратегот Ѓоре Јовановски да победи на овој меч, сепак струмичани мораа на крајот да се задоволат и на овој контролен меч во текот на овие подготовки, само со реми.
Интересно е тоа што првиот дел и за двете екипи настапија вторите состави, додека оние стандардните играа во второто полувреме.