Поранешниот светски шампион во тешка категорија Шенон Бригс планира да се врати во рингот по скоро четиригодишна пауза. Тој има намера да одржи една борба кон крајот на април.
Тимот на Бригс исто така е во преговори за шампионска борба против поранешниот шампион во тешка категорија во УФЦ, Рико Родригез, кон крајот на мај.
„Со нетрпение очекувам да се борам со Рико или со кого и да застане против мене“, рече Бригс.
„Ако можат да го организираат овој меч, јас едвај чекам. Тој беше голем шампион во УФЦ. Од она што го слушнав, тој е пристоен борец. Но, тој зборува премногу. Слушнав некои работи кои ги кажа за мене. Ако е така, ајде, шампиону, ајде да се пробаме“, вели Бригс.
Бригс (48) не боксувал од мај 2016 година, кога уште во првата рунда го нокаутираше Емилио Зарате. Тој требаше да се соочи со Фрес Акендо во јуни 2017 година, но имаше позитивен допинг тест по кој нивната борба беше откажана и тој беше под суспензија шест месеци.