ПЛАТИ КАУЦИЈА 200.000 ЕВРА: Сопственикот на АТС Груп Шефшет Демировски ПУШТЕН НА СЛОБОДА

14.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПЛАТИ КАУЦИЈА 200.000 ЕВРА: Сопственикот на АТС Груп Шефшет Демировски ПУШТЕН НА СЛОБОДА

По еден месец притвор поминат во затвор во Србија, Шефшет Демировски, сопственик на наменската фабрика, АТС Груп од Скопје , е пуштен на слобода со кауција од 200.000 евра, јавуваат српските медиуми.

Според Новости, Демировски во текот на судскиот процес ќе се брани од слобода, но привремено му е одземен македонскиот пасош и му е забрането да го напушта местото на престојување во Белград.

Демировски е обвинет за давање мито во случајот ,,Први партизан“, во Србија.

Минатиот месец тој беше уапсен под сомнеж дека на вработени од оваа фабрика за оружје во Ужице им дал мито за да му ги предададт доверливите документи за производство на оружје, снајперска пушка која сакал да ја произведува во неговата фабрика во Скопје.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата