Пилот го напуштил авионот, патниците го чекале 30 часа да се врати

2.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пилот го напуштил авионот, патниците го чекале 30 часа да се врати

На аеродромот во Манчестер последниве денови имало вистински хаос, додека туристите останале да чекаат во огромни редици за безбедносна проверка на аеродромот, како и поради големите доцнења, а пилотите морале да извршуваат улоги надвор од нивните надлежности.

Во неделата, 29 мај, полиција била повикана на пистата на аеродромот во Манчестер за да помогне во придружувањето на патниците на TUI од авионот, откако биле „напуштени“.

Авионот на летот TOM2106 требало да замине за Тенерифе. Сепак, бил погоден со задоцнувањата. Стотици семејства останале заглавени во авионот вкупно три часа.

Еден патник во авионот, 22-годишниот Адам Вичалковски, објаснил дека се очекувало авионот да тргне во 17:50 часот, но дека патниците не се качиле до „околу 07:00 часот“.

Тој изјави за MEN: „Ни беше кажано дека торбите ќе треба да ги наполни Swissport, но потоа слушнавме дека само половина ги натовариле во авионот.“

„Потоа ни беше кажано дека целиот персонал исчезнал, а капетанот ни кажа дека поради прописите за работните часови на екипажот, летот на крајот може да биде откажан.“

„На крајот објавија уште едно соопштение дека немало никаква комуникација и да излеземе од авионот бидејќи немало персонал да не пуштат од авионот.

На снимката од местото на настанот се слуша како пилотот на авионот вели: „Swissport нè напушти“.

Вичалковски забележал „фрустрирани и лути“ патници кои останале во авионот, очекувајжи да полета.

Тој рече: „Толку е топло и нема клима и ни понудија само бесплатен пијалок.

„Немаше ниту еден член на персоналот на повидок, па капетанот не извести дека ќе повикаат полиција за да не пуштат да се симнеме.

Пилотот на летот на TUI го обвини Swissport дека го „напуштил“ авионот и неговите патници. Компанијата TUI подоцна објавила дека „оперативните проблеми“ биле причина за таквите одложувања.

Компанијата на туристичката агенција соопштила дека патниците добиле нов лет следниот ден, понеделник, 31 мај, и биле сместени во хотели во текот на ноќта.

Портпаролот на TUI зиајави за MEN: „Би сакале да им се извиниме на клиентите кои патуваа на летот TOM2106 од Манчестер до Тенерифе во понеделник на 30 мај, кој за жал беше одложен поради оперативни проблеми. Бевме во контакт со засегнатите клиенти, нудевме ноќевање и оброци каде што е потребно, и ги известивме за нивното ново време на полетување штом можевме. Овој авион треба да полета вечерва.

„Полугодишните празници во мај се секогаш неверојатно напорен период со многу клиенти кои сакаат да патуваат, а оваа година не е поинаква. Би сакале повторно да се извиниме за непријатностите што ги предизвикавме и им благодариме на клиентите за нивното разбирање и трпеливост во текот на овој време“.

Manchester Airport Group (MAG), објави соопштение во кое се истакнува дека има „привремен недостиг на персонал“ во TUI и Swissport и дека биле во „обемни разговори“ со компаниите по инцидентот.

LADbible контактирале со TUI за коментар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата