Овие ЖЕШКИ и ГОЛИ келнерки растураат бракови: Мажите се тепаат да пијат кафе во ова кафуле (ФОТО)

27.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Овие ЖЕШКИ и ГОЛИ келнерки растураат бракови: Мажите се тепаат да пијат кафе во ова кафуле (ФОТО)

Новоотворено кафуле во калифорнискиот град Кабел во кој келенерките ги служат гостите облечени во бикини или долна облека го разбесни локалното население. "Pink Pantherz Espresso" некои го прогласија за "навредливо" и "одвратно" место уште во првата недела после отварањето.

"Се наоѓа точно помеѓу две основни училишта, недалеку од градинка...Навистина одвратно", напиша една жена на локалниот форум. "Ова не е она што сакам моите синови да го гледаат. А, што им кажува ова и на нашите ќерки", се огласи друга. 

Некои од локалното население тврдат дека оваа работна униформа е понижувачка за жените.

"Ги користат жените како сексуални објекти", рекла една жителка Мариа Монти.

Наводно и бројни сопруги поради оскудната облека на келнерките не сакаат таму да ги видат своите сопрузи.

Други пак немаат никаков проблем со отварањето на ова кафуле.

"Ако не сакате да ги гледате едноставно немојте да доаѓате", рекол жителот Гери Колучио, кој најави дека наскоро ќе оди таму на кафе.

"Тие се жени. Имаат право да носат што сакаат, сè додека не го прекршуваат законот. Да станува збор за мажи без маици, никој не би имал проблем со тоа", истакна една жена.

Ова не е прв пат сопственикот на оваа франшиза на кафулиња да се сретне со такви приговори. Слично се случило и кога ги промениле имињата на коктелите во своите други кафулиња како: "Соблекувач на гаќички" и "Предигра".

"Сите девојки кои работат кај нас знаат во што се впуштаат. Доколку работите во канцеларија, таму постои дрес код. Да, јас служам пијалаци во бикини, но не покажувам ништо повеќе од она што некое дете би го видело на базен или плажа", рекла менаџерката на кафулето Сара Перин.

 

 

 

 

 

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата