Николас Кејџ во улога на Дракула

1.12.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николас Кејџ во улога на Дракула

Станува збор за хорор-комедија чиј заплет се врти околу истоимениот помошник на грофот, а него ќе го игра Николас Кејџ, пренесуваат американските медиуми.

Филмот ќе го режира Крис Мекеј (The Tomorrow War), а сценариото е базирано на оригиналната приказна на Роберт Киркман (The Walking Dead).

Во оригиналниот роман на Дракула, Р.М. Реинфилд е психијатриски пациент за кој првично се верува дека страда од халуцинации, но всушност е слуга на Дракула. Заплетот на филмот најверојатно ќе биде сместен во денешницата.

Несомнено е дека Кејџ ќе донесе завидна доза уметничка слобода и вообичаена лудост на која сме навикнати од него, но се чини дека ова ќе биде уште еден во низата ветувачки проекти кои го покажуваат излегувањето на актерот од Б продукцијата.

Критичарите го пофалија неговиот трилер „Свиња“ и наскоро треба да се појави во толку очекуваните „Неподнослива тежина на огромниот талент“ и вестернот „Месарски премин“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата