Фото: Роналдо вистински„полудува“ кога Георгина ќе се соблече во бикини

19.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Роналдо вистински„полудува“ кога Георгина ќе се соблече во бикини

Кога Георгина ќе се соблече во бикини и ќе ги покаже бујните облини, Кристијано не знае да се контролира, „полудува“.

Кристијано и Георгина обожаваат да летуваат на својата „палатата на вода“ јахта вредна 6,5 милиони евра.

Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, е познат по својата љубов кон луксузниот живот.

Неговата импресивна колекција автомобили, приватен авион и недвижности низ целиот свет се само некои од показателите за неговиот висок живот.

Сепак, кога се обидува да избега од медиумското внимание и да се посвети на своето семејство, португалскиот ас наоѓа мир на Средоземното Море, на палубата на својата луксузна јахта.

Моделот Azimut Grande 27 Metri е персонализиран, го носи името „CG Mare“ и совршено го одразува стилот на Кристијан: комбинација од високи перформанси и бескомпромисна елеганција.

Кристијано ја купил оваа импресивна јахта во текот на летото 2020 година, а цената се проценува на околу 6,5 милиони евра.

Јахтата од 27 метри не е само уште еден луксузен предмет во неговата колекција.

Името „CG Mare“ има симболично значење. Иницијалите „CG“ се кратенки од Кристијан и Георгина.

Судејќи според фотографиите што Георгина ги објавува на Инстаграм, како и оние што папараците успеваат да ги направат, таа е таа што најмногу ужива на јахтата.

Георгина обожава да се соблекува во костим за капење и да објавува фотографии од такво издание.

Дури и пред да ја купат оваа луксузна „вила на вода“, Роналдо и Георгина често „бегале“ на јахти, а со текот на годините се создале ексклузивни фотографии од Португалецот и Аргентинката во страсна екстаза.

Според фотките може да се забележи и тоа дека Кристијано дефинитивно ја обожува својата сакана посебно кога таа е во танга бикини.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата