Македонците чествуваа без претставници од државниот врв

Комити направија спектакл на споменикот на Јане Сандански (ВИДЕО)

17.04.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Комити направија спектакл на споменикот на Јане Сандански (ВИДЕО)

Денеска се одбележуваат 107 години од смртта на македонскиот револуционер Јане Сандански.

Собирот во Мелник по повод 107 години од смртта на Јане Сандански беше навистина семакдонски, велат организаторите.

Тие се задоволони од одзивот. Гости имало од дијаспората, преставници на организации од Македонија, Бугарија и Албанија, но не и од македонскиот државен врв.

Пораки на поддршка пристигнаа од Македонци во Канада, Франција, германија, но и од македонската амбасад во Софија и лидерот на Левица Димитар Апасиев кој лично пристигна во Мелник.

Собирот поминал во мирна атмосфера, но полицијата не дозволила користење на озвучување.

Од ОМО Илинден – Пирин се задоволни со соработката на месните власти.

Донесена е и декларација со која се поддржува пријателството меѓу Македонија и Бугарија, но се бара реципроцитет со признавање на македонското малцинтво.

По тој повод македонската навивачка група комити присуствуваше на церемонија во Бугарија на која се чествуваше годишнината од смртта на македонскиот револуционер.

Комити приредија вистински спектакал, групата извикуваше “Никогаш северна само Македонија” пред споменикот на Јане Сандански.

Погледнете го видеото во продолжение:


Собирот се случува еден ден откако во Битола беше отворен бугарскиот клуб Ванчо Михајлов во присуство на висока делегација од Софија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата