Јас сум од Струмица и живеам во Струмица можам да ви кажам и гарантирам дека во Струмица со Заеви нема живот. Нема, затоа што цела Струмица е окупирана од нив.Никој не може да тргне на работа ако нема амин од Заеви, никој не може да почне приватен бизнис ниту да го работи доколку не е вмежен во нивниот октопод на бизниси. Тоа е реалноста во Струмица, тоа е реалноста која ја преточија низ цела земја- рече Кире Михаилов на вечерашниот протест на ВМРО- ДПМНЕ против реваншизам и терор врз граѓаните и политичките неистомисленици.
Тој рече дека е еден од низата луѓе неистомисленици на власта, кој поради тоа се нашол на улица.
Работев во ЈП Македонски Шуми каде чесно и професионално си ја работев својата работа, работа од која ја издржував мојата фамилија. Меѓутоа замислете, избркан сум од работа заради еден фејсбук пост, и тоа во период кога бев на неплатено отсуство, т.е. не бев во работен однос, за жал тоа е реалноста во Македонија. За една напишана реченица против власта. Може ли да замислите до кај може да им оди умот и што може да направат и на што се се подготвени. За која демократија ние зборуваме, слобода на говор, што беше тоа ? Ова не е демократија, овде нема ниту слобода на говор, овде нема ниту човечност, рече тој.
Ова, додаде тој, се случува со секој еден кој што ќе се спротивстави на оваа власт на било кој начин.
И ова го прават затоа што се плашат и на овој начин мислат дека ќе не скршат, но се лажат, ниту ќе не скршат, ниту ќе не предомислат, само ќе не мотивираат.Заев сака да се откажеме и да избегаме од државата, сите ние кои не се согласуваме и се спротивставуваме на неговите погубни политики за да може да го тероризира секој еден. Но тоа нема да се случи. Јас лично ќе се борам за Македонија затоа што сум Македонец и затоа што си ја сакам Република Македонија, рече Михаилов.
