Една од најпознатите манекенки и инфлуенсерки, Ивана Кнол, повторно ќе ја бодри Хрватска на Светското првенство во Катар.
Ивана во 2018 година се прослави како жестока навивачка за Хрватска на Светското првенство во Русија. Таа тогаш го носеше карираниот дрес на својата репрезентација, а фотографиите од убавата Хрватка го обиколија светот.
Нејзините слики се најдоа на насловните страници на тамошните медиуми, а во споменатата година беше избрана за „најубава“ хрватска навивачка.
Покрај кариерата како модел, Ивана е претприемач и има своја линија на костими за капење „Knölldoll“. Како што еднаш изјави за локалните медиуми, работата на еден претприемач е тешка и исцрпувачка, но личното задоволство е незаменлив дел од неа.
Иако најголем дел од времето и е посветено на работата, Ивана Кнол редовно ги следи спортските настани. Според последните објави на Инстаграм, Светското првенство во Катар е нејзината моментална дестинација, а бикините се облека за секој ден.