Голем штрајк на германските аеродроми в понеделник, ќе бидат откажани над 350 летови

11.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Голем штрајк на германските аеродроми в понеделник, ќе бидат откажани над 350 летови

„Ќе мораме да очекуваме подолго чекање и откажување на летови“, велат од синдикатот, кој повика на поддршка за нивните барања за повисоки плати и подобри услови за работа.

Ќе бидат откажани 351 лет од Берлин, Бремен, Хамбург и Хановер, што ќе влијае на речиси 100.000 патници, соопшти аеродромското здружение АДВ. Нејзиниот главен извршен директор, Ралф Бејзел, ја осуди „злоупотребата“ на синдикатот, бидејќи аеродромите едвај закрепнуваат од „најдлабоката криза во авијацијата“.

Синдикатот Верди вели дека „работата 24 часа на ден, седум дена во неделата има негативен ефект врз семејниот живот. Работните услови мора да станат поатрактивни за доволен број луѓе да бидат подготвени да ја работат оваа работа“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата