Го чекале таткото да се врати, кога дознале страшна вистина: Летот му бил резервиран по смртта

16.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Го чекале таткото да се врати, кога дознале страшна вистина: Летот му бил резервиран по смртта

Џон Џорџ (37) исчезнал на крајот од неговото тринеделно патување во Аликанте. Тој требало да се врати дома во Белфаст со авион на 18 декември, соопшти неговото семејство, но никогаш не се качил на летот.

Кога последен пат се слушнал со семејството на 14 декември, звучел нервозно. После тоа, неговиот телефон замолкнал.

Алармот се вклучил откако Џон, татко на две деца, не се вратил дома. Сепак, дотогаш тој бил мртов веќе четири дена, застрелан и убиен вечерта на 14 декември.

Шпанската полиција открила дека неговиот лет на easyJet од Аликанте до Белфаст бил резервиран откако бил убиен, објави Метро.

Речиси еден месец откако е убиен, неговото тело во распаѓање било пронајдено под дрвја на приватен имот во руралните средини Рохалес, 45 минути јужно од Аликанте.

Маж (32) е уапсен под сомнение за убиство откако телото на таткото било пронајдено на 6 јануари. Во меѓувреме тој е пуштен откако платил кауција, додека полицијата трага по уште две лица.

Метро пишува дека обдукцијата се уште не е завршена, а Џон ќе биде погребан следната недела откако неговото тело ќе биде префрлено во Белфаст.

Мотивот за убиството се уште не е познат, додека истрагата продолжува.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата