Ким Кардашијан открила дека студира за да стане адвокат по кривично право и дека во 2022 година планира да го полага правосудниот испит. Кардашијан минатото лето го почнала четиригодишното стажирање во правна фирма од Лос Анџелес, некако во исто време кога се бореше за ослободувањето на 63-годишна жена осудена на доживотен затвор, која потоа беше помилувана од Доналд Трамп.
„Морав многу да размислам за ова. Кога ме поканија во Белата куќа да помогнам во реформирањето на системот на помилувања, се почувствував како судија кој осудил многу криминалци и моќни луѓе и си реков дека сакам да знам повеќе за тоа. Сакам да се борам за луѓето кои неправедно се оставени од општеството. Мислам дека системот треба да биде поразличен и сакам да се борам да го поправам“, изјавила Кардашијан во интервјуто за американски „Вог“.
Доколку и се оствари желбата таа не би била прв адвокат во семејството, но сигурно ќе биде првата старлета која станала адвокат.