Дали сте вапсале јајца со зелка?! Вреди да се проба

22.04.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дали сте вапсале јајца со зелка?! Вреди да се проба

Природата може да биде прилично неверојатна. Дали некогаш би претпоставиле дека бојадисувањето на јајцата во сино на природен начин е можно со виолетова зелка?

Природно обоените јајца се убави. Во зависност од тоа колку долго ќе ги оставите јајцата во смесата, ќе добиете широк спектар на нијанси на сина боја, од бледа светлосина до убава, темна, индигосина.

Како да вапсате јајца со зелка?

Потребни состојки:

4 лажици бел оцет
– тврдо варени јајца
– главица виолетова зелка

 

farbanje jaja

Упатство:

1. чекор

Исечкајте ја целата главица зелка, а потоа ставете ја во поголемо тенџере. Додадете вода колку да ја покрие зелката и варете. Кога водата ќе зоврие, намалете ја температурата на средно ниска и варете околу еден час. Оставете ја смесата да се излади, а потоа исцедете ја течноста низ цедалка за да ја извадите зелката.

2. чекор

Во оваа течност додадете четири лажици оцет. Ставете ги тврдо варените јајца и оставете ги да отстојат додека не ја добијат саканата боја. Првото јајце после отприлика еден час ќе биде многу бледо сино.

Lovesensa, jaja, farbanje jaja

Вадете го секое наредно јајце во интервали од 30 минути за да добиете омбре ефект. Доколку сакате јајцата да бидат потемни сини, можете да ги оставите во течноста цела ноќ.

Наутро, јајцата ќе бидат многу потемни, а и таа тура можете да ја вадите на секои 30 минути. За да постигнете индиго сино, извадете ги јајцата од смесата откако во неа ќе поминат две ноќи.

Иако овој начин на бојадисување јајца бара многу повеќе време од класичното фарбање, резултатите ќе го оправдаат тоа. Секое јајце ќе има уникатни дезени на него, па ќе изгледа како мини уметничко дело. Покрај тоа, ќе бидете мирни знаејќи дека сте ги обоиле на природен начин.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата