Тимур Дибиров беше непогрешлив на гостувањето кај Нексе, во триумфот на Вардар од 31-30 во првата четвртфинална пресметка постигна 12 погодоци од исто толку обиди.

По една ваква партија немаше дилеми околу тоа кој ќе го има голот на натпреварот во Нашице. Уживајте во едно од неговите ремек-дела.