Пар белегзии кои и припаѓаа на француската кралица Марија Антоанета беа продадени на аукција во вторникот за 7,03 милиони евра, што е неколку пати повеќе од проценетата, објави аукциската куќа Кристи.
Рахул Кадакија, меѓународниот директор за одделот за накит во аукциската куќа Кристи, кој ја водеше продажбата, изјави во салата дека белегзиите биле во семејството речиси 200 години.
Станува збор за две белегзии, секоја со по три реда дијаманти, вкупно 112.
Марија Антоанета, која испратила писмо од затворот Туилери во Париз, во кое се вели дека дрвен ковчег со накит ќе биде испратен во Австрија, била гилотинирана во 1971 година.
Нејзината ќерка Марија Тереза го добила накитот по пристигнувањето во Австрија, објави аукциската куќа.
Белегзиите му припаѓале на европското кралско семејство и се очекувало да се продадат за помеѓу 2 и 4 милиони долари.