Автобусите на ЈСП паркирани пред ВЛАДА!

19.10.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Автобусите на ЈСП паркирани пред ВЛАДА!

Вработените во ЈСП денеска го почнаа протестот пред Владата и пред другите институции поради неисплаќање на септемвриската плата. Раководството на репрезентативните синдикати на ЈСП вчера најави дека ќе штрајкуваат сѐ додека не се реализира ветеното, но вработените нема да ја прекинуваат работата.

Утрово тие излегоа пред дирекцијата на претпријатието во Автокоманда и порачаа: „Сите сме гладни“.

– Aко денеска не добиеме плати утре во 16.:0 ќе дојдеме со нашите семејства на протест. Сите сме гладни не може да си ги вршиме своите обврски и сите задно ќе бидеме за да го изразиме револтот од политичките партии и се надевам дека денеска ќе седнат и ќе се договорат, изјави денеска Миќо Стојановски од синдикатот на ССМ при ЈСП.

Вработените во ЈСП „Скопје“ за МИА изјавија дека утрово им бил забранет влезот во кругот на претпријатието во населбата Автокоманада и оти во дирекција има зајакнати контроли. Автобусите, како што велат, се повлечени од сообраќај поради анонимна дојава за рачна момба. Известувањето било пратено синоќа по е-маил.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата