ОД УТРЕ НА КАФЕ и во кафеана, ама еве под кои услови: Ако нема слободна маса, ЗАБОРАВЕТЕ НА ПИЈАЧКА!

27.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОД УТРЕ НА КАФЕ и во кафеана, ама еве под кои услови: Ако нема слободна маса, ЗАБОРАВЕТЕ НА ПИЈАЧКА!

Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим за движење на граѓаните на територијата на целата земја, а веќе од утре стартуваат со работа и угостителските објекти. Но, граѓаните, секако, и угостителите ќе мораат во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита корона вирусот и покрај олабавувањето на рестриктивните мерки. Значи, се дозволува отворање на угостителските објекти, но со ограничување во однос на начинот на работа со почитување на протоколите за преземање на превентивни мерки во услови на епидемија од COVID-19.

Работното време на угостителските објекти е ограничено и е до 18 часот и се дозволува работа само на отворените делови (терасите). Бројот на гости е ограничен и се послужуваат само гостите кои може да седнат. На влезните врати треба да има одговорни лица кои ќе бидат задолжени за менаџирање на влегувањето на гостите. На терасите за послужување на гости каде има поставено маси, треба да се обезбеди простор од најмалку 9,6m² за една маса со 4 стола, а на која мора да има средство за дезинфекција на рацете.

​​​​​​​Потоа задолжителни се засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна; како и засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот. На крајот на смената задолжително е механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорид (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)  или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства; Во оваа втора фаза од олабавување на мерките забрането е организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.).

Олабавување на дел од овие мерки и препораки се очекува во следната, трета фаза која според најавите се очекува кон средината на следниот месец.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата