НА КАФЕ ОД ЧЕТВРТОК, ОД 1 ЈУНИ НЕМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС?!

26.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НА КАФЕ ОД ЧЕТВРТОК, ОД 1 ЈУНИ НЕМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС?!

Од 1-ви јуни се отвораат границите на Македонија, а полицискиот час се укинува, препорачува Комисијата за заразни болести, дознава Фактор.

Состанокот беше утринава, а според нивните сугестии дозволено е кафулињата и угостителските објекти да се отворат во четврток. Нивните препораки секако треба да ги прифати и Владата. За денеска се уште нема закажана владина седница, но не се исклучува да биде одржана.

Моментално полицискиот час е од 19 часот навечер до 05 часот наутро. Извор од Комисијата за Фактор вели дека полицискиот час секако нема ефект затоа што граѓаните не се придружувале. Додава и дека и покрај тоа што границите ќе се отворат Македонија најверојатно нема да е пожелна земја за сите други, ако има многу новозаразени. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата