Жозе Мурињо и Маурицио Покетино се познаваат од времето кога двајцата работеа во Шпанија. Мурињо беше тренер на Реал Мадрид, додека Покетино раководеше со Еспањол.

Покетино за „Гардијан“ откри интересна анегдота од времето кога двајцата имале меѓусебен дуел.

Моите деца спијат во пижами со боите и логото на Еспањол, и не можам да се замислам да го менувам клубот“, изјави тогаш Покетино кој следниот ден добил изненадувачки подарок од Мурињо.

Ме чекаше на Бернабеу. Ми донесе шише од убаво француско вино и два пара пижами со логото на Реал Мадрид и ми рече: ’еве овое пижами се за твоите деца, нека ги остават тие на Еспањол. Од тогаш сме добри пријатели“, вели аргентинскиот стратег.