Зидан после дебито: Помина многу време, многу емоции…

26.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зидан после дебито: Помина многу време, многу емоции…
ФОТО:facebook.com/equipedefrance

Под водство на 54-годишниот специјалист, „петлите“ ја победија Турција со 1-0 во првото коло од групната фаза на Лигата на нации.

„Почувствував многу емоции. Ова е успешно деби. Никогаш не е лесно да се игра во Турција, каде што атмосферата е толку тешка“, рече Зидан, па продолжи.

„Игравме добро, притискавме на половината на противникот. Видов многу интересни работи, иако имавме само три и пол тренинзи. Охрабрувачки е. Задоволен сум од начинот на кој играчите се претставија. Беше убаво да се видат сите во акција“, додаде тој.

Зидан вели дека минало долго време од неговиот настап за француската репрезентација, па токму затоа овој меч беше посебен за него.

„Секогаш е многу возбудливо. Немам зборови. Помина долго време откако последен пат играв за француската репрезентација. Нешто посебно се случува. Уживаме во моментот“, заклучи легендарниот Французин.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата