Гуруто на добро одработените фудбалски трансфери на Балканот но и во Европа, и првиот човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ во интервју за босански медиуми каде што во моментов престојува вели дека ситуацијата во фудбалот не е ни малку едноставна и дека проблемите допрва доаѓаат.

„Мислам дека проблемите допрва ќе дојдат. Динамо годинава има приход нула, затоа што се доаѓа од трансфери и од пари од играње во Европа. Целиот свет е во криза, не само фудбалскиoт. Динамо е последен во редот на оние кои ќе имаат финансиски проблеми, но останатите тешко ќе се справат со ова. Дефинитивно нема да има продавање на играчи како што беше тоа порано случај“ – вели Мамиќ кој додава дека шампионатите ќе мора да продолжат дури и по цена на празни трибини.