Одлични вести за Палермо, првиот клуб основан на Сицилија и во јужниот дел на Италија воопшто. Седмиот најстар клуб во оваа земја повторно се враќа во професионалниот фудбал.

Поради финансиски проблеми, клубот беше префрлен во Серија „Д“ и исфрлен од професионалниот фудбал. Тимот беше трансформиран со ново име, и почна од четвртата лига.

Во текот на вчерашниот ден стигна веста од италијанската федерација дека сезоната во Серија „Д“ е суспендирана поради коронавирусот. Одлучено е сезоната да заврши како што е сега, односно Палермо како првопласиран ќе оди во Серија „Ц“ и со тоа ќе се врати во професионалниот фудбал.

Идната сезона тимот ќе се обиде да избори пласман онаму каде што беше, во Серија „Б“ а потоа ако има можност повторно во „елитата“.