Една од најдобрите словенечки одбојкарки Иза Млакар објави крај на кариерата и тоа на 24 години, а се насочува кон медицината.

„За мене беше голема чест што тренирав и играв одбојка, кој го збогати мојот живот. Сретнав многу луѓе, кои ми ја одбележаа кариерата но и животот, видов многу нови места. Победував. Најубавото од сето тоа беше што добивав поддршка од семејството и од тимот“, дел од постот на Млакар на Инстаграм.

Инаку Млакар ја почнала кариерата во ОК Преваље, па потоа играла за Марибор. Лани се пресели во најмоќната одбојкарска лига на светот, италијанската А1 и тоа во тимот на Игор Горгонзола Волеј од Новара. Со оваа екипа настапи на светското клупско првенство, а во 2015 година со Словенија играше на ЕП.