ФОТО И ВИДЕО: НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ

20.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФОТО И ВИДЕО: НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ

Најавеното невреме стигна во Скопје. Пороен дожд проследен со силен ветар и грмежи го погоди главниот град.

Како што беше и најавено освен во Скопје, во вечерните и ноќни часови, денеска, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој кон крајот на денот вдолж Повардарието ќе се промени во северен.

Времето утре, како што соопшти УХМР, ќе биде претежно облачно и значително посвежо со засилен, повремено и силен северен ветер. Ќе има и врнежи од дожд, особено претпладне, а во јужните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје утре ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Од петок ќе преовладува стабилно време со умерен северен ветер, а во почетокот на наредната седмица ќе има услови за локален дожд. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата