По неколкуте барања да се обезбеди пристап до спомен-плочата на Мајка Тереза утринава на тревникот на платото пред ГТЦ осамнаа плочки, додуша малку чудно и смешно наредени. Ама важно за нив не биле потрошени пари, односно како што соопштија од Град Скопје тие биле од залихите на ЈП „Улици и патишта“ и нивното поставување немало дополнителни финансиски импликации.
Изминатиот период откако тревникот беше пуштен во употреба, а притоа не беше изведен пристап до спомен-плочата на место на родната куќа на Гонџа Бојаџиу со реакција се јавија неколку здруженија и загрижени граѓани. Први реагираа од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците од каде порачаа дека ако единствената нобеловка од Скопје, Мајка Тереза, не е светска фигура која го претставува нашиот град и целата наша држава, повеќе од кој било друг, тогаш ние имаме сериозен проблем со тоа како ги поставуваме стандардот за проценка на ваквите личности.
И Градот побрза да го реши проблемот и тоа со плочките кои ги имале во залиха. Плочки имале, ама изгледа не и метро да подизмерат и барем правилно да ги наредат за патеката да личи на нешто.
И на крајот фамозните плочки магично дојдоа, уште помагично си заминаа. И тоа веднаш после пресот на Институтот за културно наследство на Албанците кој ете се заблагодари за патеката.
Институтот за културно наследство на Албанците закажува прес конференција за да се заблагодари на Шилегов за патеката, завршува пресот, плочките ги исчезнуваат 🤣🤣 pic.twitter.com/FIwSXhkVuW
— FurKlan (@FurkanSaliu) May 19, 2020