КАПИТАЛНА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ЧАИР: Бетонска банкина, нема веќе дивјачко возење кај Јаја Паша (ФОТО+ВИДЕО)

16.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КАПИТАЛНА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ЧАИР: Бетонска банкина, нема веќе дивјачко возење кај Јаја Паша (ФОТО+ВИДЕО)

Град Скопје реши да му стави крај на дивјачкото возење во Чаир па булеварот Цветан Димов вечерва доби бетонска банкина, дознава 24 Инфо.

ЈП”Улици и патишта” поставува во моментов бетонски жардинери долж улицата од потегот кај Јаја Паша џамијата до ТЦ”Чаирчанка”.

Бетонската ограда треба да го спречи непрописното возење по булеварот и особено полукружните свртувања кои ја загрозуваат безбедноста на пешаците.

 

На местото се градоначалникот Петре Шилегов и директорот на ЈП, Сенад Смаиловиќ.

Извор: 24инфо.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата