Можеби нема да биде потребна вакцина против коронавирусот, германските научници пред големо откритие

6.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Можеби нема да биде потребна вакцина против коронавирусот, германските научници пред големо откритие

Германските лекари постигнаа голем успех во потрагата по лек за коронавирусот, бидејќи тие успеаја да го докажат постоењето на антитела кои го спречуваат вирусот да навлезе во клетките.

„Тоа е јасен напредок што покажува дека ние сме на вистинскиот пат кон развој на лек за ’Ковид-19’“, објасни Лука Цицин-Саин од Центарот за истражување на инфекции „Хелмхолц“ во Брауншвајг.

Весникот „Брауншвајг цајтунг“ објави дека Цицин-Саин и неговиот тим анализирале 6.000 различни вештачки направени човечки антитела.
Притоа, тие пронашле повеќе од 750 антитела кои се закачуваат на коронавирусот, што е предуслов за успешна борба против него.

Сега ќе се тестира ефикасноста на антителата.

Целта на научниците е да најдат лек со кој тешко заболените корона пациенти можат да бидат акутно лекувани.

„Принципот на кој работиме е т.н. пасивна имунизација“, објасни Стефан Дибел од Техничкиот универзитет во Брауншвајг.

Целта на научниците е со нивниот лек до есен да се лекуваат првите пациенти со „Kовид“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата