СЗО: Лек за коронавирусот е „глобалната солидарност“, ВИРУСОТ УШТЕ ДОЛГО ЌЕ БИДЕ ПРИСУТЕН

5.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЗО: Лек за коронавирусот е „глобалната солидарност“, ВИРУСОТ УШТЕ ДОЛГО ЌЕ БИДЕ ПРИСУТЕН

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејзус изјави дека лек за новиот вид коронавирус е „националното единство“ и „глобалната солидарност“ и предупреди дека вирусот уште долго време ќе биде со нас.

Говорејќи во Женева, Гебрејзус потсети дека на вчерашната конференција за Глобален одговор на Европската комисија на пандемијата на ковонавирус присуствувале лидери од 40 држави и вкупно 7,4 милијарди евра се собрани како поддршка на развојот на лекот и вакцините против Ковид-19. Тој истакна дека настанот е индикатор за силна глобална солидарност и дека сите треба да бидат подеднакво заштитени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата