Ни шведска маса ни лежалки – еве како турските хотели се подготвуваат за летната сезона

27.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ни шведска маса ни лежалки – еве како турските хотели се подготвуваат за летната сезона

Хотелите во Турција кои добија здравствени сертификати ќе започнат да се отвораат до крајот на мај, рече министерот за туризам и култура Мехмет Ерсој, истакнувајќи дека нема да има вклучена „шведска маса“.

Хотелите ќе бидат принудени да работат со половина од капацитетот на своите соби. Ако хотелот има 500 соби, на пример, туристите ќе бидат сместени само во 250 од нив. Туристите како алтернатива за „шведската маса“ ќе добијат сеопфатно мени и услуги по порачка.

За да се исполни потребното растојание, ќе се намали бројот на масите во рестораните. Предвидено е дека за хигиенски цели вакви мерки ќе бидат воведени во сите ресторани, кафулиња и установи за одмор.

Физичкото растојание на плажа е сè уште задолжително, со што се намалува бројот на лежалки.
Персоналот во хотелите ќе помине дневно на преглед и ќе носи маски, раквици и специјална заштитна облека.

Од хотелите со „здравствен сертификат“ се бара да обезбедат 24-часовна должност на повик на квалификуван медицински персонал. Почетокот на странскиот туризам во земјата може да се очекува до крајот на август.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата