ФИЛИПЧЕ ОБЈАСНУВА: Еве дали малите деца треба да носат маски

26.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФИЛИПЧЕ ОБЈАСНУВА: Еве дали малите деца треба да носат маски

Министерот на денешната прес-конференција одговори на новинарско прашање дали и децата треба да носат заштитни маски или тоа кај нив на одредена возраст може да биде контрапродуктивно поради честото допирање на лицето и маската.

Малите деца ќе бидат целосно заштитени ако возрасните ги носат маските. Децата над 14 години треба да се придржуваат кон мерките исто како и возрасните. А најмалите во затворени простории некаква форма на прекривка, исто така и кога е навистина голема група надвор во која не може да се одржи дистанцата. Сметам дека апсолутно со оваа мерка сите треба да бидат заштитени, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Тој исто така рече дека ќе побара од Владата да наложи казнувањето на граѓаните кои не носат заштитна опрема како што е наложено, да почне веднаш, односно од утре или најдоцна во вторник.

Денеска тој на прес конференцијаат рече дека увидел дека многу граѓани не ја почитуваат оваа препорака.

Се почести се тие слики од граѓани кои не ја почитуваат мерката за носење маска. Некои граѓани ја носат маската под брадата или во рака. Министерството за здравство ќе достави предлог до Владата, санкционирањето за неносење заштитна опрема да почне веднаш или најдоцна вторник. Според налогот заштитната опрема се носи на затворено или на отворено кога не може да се одржи физичка дистанца од два метри. Ова се клучни механизми за заштита. Ако почитуваме ќе се заштитиме. Ќе превенираме раст на заболени кој досега го држиме под контрола, рече Филипче.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата