Шведска користи лизгалишта и бродски контејнери како мртовечници

8.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шведска користи лизгалишта и бродски контејнери како мртовечници

Шведските власти се принудени да ги користат бродските контејнери- ладилници, лизгалиштата на мраз и фрижидерите во кантинитњ за да ги складираат починатите бидејќи се зголемува бројот на поинати од Ковид-19, а погребите се одложени низ целата земја, пренесува РТ.

Долгите викенди, како велигденските празници, може да предизвикаат заостанување во работата, но ситуацијата е влошена со епидемијата на коронавирус и последователни смртни случаи и прекините во погребувањата на гробиштата, од кои повеќето се затворени како мерка на претпазливост.

И во Гетеборг и во Стокхолм, болниците прибегнаа кон изнајмување лизгалишта и контејнери-ладилници за привремено складирање на починатите, а универзитетската болница „Каролинска“ во Солна прибегна кон употреба на просторија за складирање на како привремена мртовечница.

„Голем проблем е што нашите мртовечници не се соодветно димензионирани за толку голем град,“вели директорот на погребалнат служба во Гетеборг, Катарина Евенсет за Шведското радио.

Таа додаде дека лизгалиштата одлично ќе послужат бидејќи ковчезите се поставени на лизгалиштето за хокеј во кое нема деловна активност во услови на кризата со коронавирусот.

Во меѓувреме, Клис Рут од универзитетската лабораторија „Каролинска“ рече дека ситуацијата е затегната бидејќи приливот на тела е поголем од одливот, ситуација која, прилично мрачно, важи за сите болници во земјата.

Болницата „Дандеридс“ во Стокхолм забележлаа петкратно зголемување на бројот на тела испратени во мртовечницата додека бројот на тела на „Каролинска“ се зголемило од осум, на 100 до 150 тела.

Шведска реши да не воведува строг режим на движење поради пандемијата, наметнувајќи само мали ограничувања на јавниот живот и движењето. Таму сега се забележани повеќе случаи на зараза отколку во нејзините скандинавски соседи Норвешка, каде што има 6.086 заразени и 89 смртни случаи, и Данска, каде што има 5.266 зарзени и 203 смртни случаи.

Сепак, дури и властите во финската престолнина Хелсинки презедоа слични екстремни мерки, изнајмувајќи контејнери-ладилници иако Финска има многу помал број смртни случаи од коронавирус од нејзините соседи.

Уште позагрижувачки вести се дека околу 50 вработени од Одделот за торакална хирургија во универзитетската болница во Линкопинг биле тестирани за коронавирус, што покажало дека половина биле позитивни на вирусот. Тир се испратени во самоизолација, но се зголемува загриженоста за бројот на пациенти со кои заразениот персонал имал контакт.

Во Шведска во моментов има 7.693 потврдени случаи на инфекција со Ковид-19, а бројот на починати во земјата е 591.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата