Познатната американска пејачка Пинк објави дека е позитивна на коронавиус, и дека ќе донира милион долари за две служби за итни ситуации. Таа преку својот твитер профил наведе дека со нејзиниот трогодишен син симптомите ги почувствувале пред две недели, па се тестирале.
Пинк додаде дека членовите на нејзиното семејство веќе се во домашна изолација и дека се негативни на коронавирус, пренесува АП. Добитничката на Греми се залага за слободно тестирање.
- Голем неуспех за власта е што нема поголем број на тестирања на корона. Оваа болест е сериозна и луѓето мора да знаат дека ги напаѓа и младите и старите, здравите и болните, богатите и сиромашните. Тестовите мора да им бидат на сите достапни, како би ги заштитиле нашите деца, семејството, пријателите и заедницата, истакнала Пинк.